Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Хороскоп

Дневен хороскоп за 25 декември 2025 година

Еве што ви порачуваат ѕвездите за љубовта, работата и здравјето! ОвенДенешниот ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еве што ви порачуваат ѕвездите за љубовта, работата и здравјето!

Овен
Денешниот ден е погоден за обврски кои долго време сте ги одложувале. На работа се можни промени во плановите. Во приватните односи важен е отворен разговор за идните обврски. Финансиските договори проверете ги внимателно, особено ситните детали. Навечер исклучете го телефонот и одморете ја главата.

Бик
Можно е да се појават интересни финансиски понуди, но не брзајте со одлуки. На работа може да дојде до разлики во приоритетите со колегите, па искрен и смирен разговор ќе помогне. Дома ве очекуваат практични задачи кои ќе бараат трпение. Внимавајте на замор и телесна напнатост.

Реклама

Близнаци
Денес сте почувствителни на туѓите расположенија – тоа ви помага во креативните работи, но може да создаде конфузија на работа. Во односите не нагаѓајте, туку прашајте директно. Поставете јасни граници со потенцијалните додворувачи. Избегнувајте импулсивни купувања. Здравјето е стабилно.

Рак
Имате решенија за проблеми кои другите не ги забележуваат, но можно е да наидете на отпор. Во односите важно е јасно да ја објасните потребата за личен простор. Не се препорачува финансиски ризик. Заморот ќе се појави побрзо од вообичаено, па правете паузи. Навечер е можно средба со личност од минатото.

Лав
Денешниот хороскоп најавува повратни информации на работа кои ќе ви помогнат да напредувате, дури и ако не се пријатни. На блиска личност денес повеќе ѝ значат делата отколку зборовите. Не преземајте туѓи грижи. Навечер дозволете си опуштање и откажете се од сè што не е итно.

Девица
Ве привлекуваат нови идеи, но проверете дали навистина ви одговараат. Во односите може да се појават разлики во ставовите – бранете го своето мислење без остринa. Финансиите се стабилни ако не трошите непотребно. Внимавајте на грбот и зглобовите. Вечерта искористете ја за учење или добар документарец.

Вага
Денес забележувате работи што другите ги игнорираат, особено на работа. Со партнерот започнувате доверлив разговор – внимавајте заедничките тајни да останат меѓу вас. Можно е повторно да испливаат стари тензии, па избегнувајте расправии. Обрнете внимание на стресот. Вечерта поминете ја со луѓе на кои им верувате.

Шкорпија
Често ве ставаат во улога на посредник, но не ги заборавајте сопствените граници. На работа јасно кажете што можете, а што не. Финансиските договори проверете ги темелно, особено заедничките. Емоциите ви варираат, па ќе ви годи самотија или лесна прошетка. Не прифаќајте покани од чувство на обврска.

Стрелец
Денес е важно да бидете организирани и јасно да ги поставите приоритетите. На работа внимавајте на документацијата и техничките детали. Саканата личност бара совет, но можеби нема целосно да го послуша. Критиките не ги сфаќајте лично. Движењето ќе ви помогне да ја ослободите напнатоста. Избегнувајте озборувања.

Јарец
Посакувате признание, но се соочувате со прашања и забелешки. Останете смирени и со аргументи објаснете ја својата позиција. Во љубовта ублажете ја директноста. Трошоците растат, но со паметно планирање ќе избегнете проблеми. Сонот е клучен. Навечер повлечете се од гужвата и посветете се на нешто што ве опушта.

Водолија
Балансирaте меѓу сопствените потреби и очекувањата на другите. На работа се менуваат плановите, па флексибилноста ќе ви олесни. Внимавајте на импулсивното трошење. Дома поставете јасни граници. Вечерта е погодна за филм, музика или креативна активност. Тешките теми оставете ги за друг ден.

Риби
Денешниот хороскоп покажува дека разговорите и договорите се клучни, па внимателно бирајте ги зборовите. Во односите проверувајте ги информациите од прва рака. На работа јасно распределете ги одговорностите. Расположението ви варира, па важните одлуки оставете ги за утре. Вечерта искористете ја за мир и средување на впечатоците, без притисок за конечни заклучоци.