Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Хороскоп

Дневен хороскоп за 19 декември 2025 година

Што ви порачуваат ѕвездите за љубовта, работата и здравјето ОВЕНДенес делувате брзо,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што ви порачуваат ѕвездите за љубовта, работата и здравјето

ОВЕН
Денес делувате брзо, промислено и доволно храбро за да ја протуркате својата идеја, и покрај луѓето кои постојано кочат. Во љубовта ве очекува средба што малку ќе ве извади од рамнотежа – некој ве гледа како да ве познава одамна. Здравјето е стабилно, но не претерувајте. Телото јасно сигнализира кога нешто му пречи.

БИК
Привлекувате луѓе кои ја ценат тишината и длабочината, но некој денес ве „чита“ подобро отколку што ви е пријатно. На работа умешно се провлекувате низ туѓи грешки и повторно излегувате како најсигурни. Во љубовта некој тивко ја тестира вашата реакција. Внимавајте на пад на енергијата – спиете помалку отколку што му треба на телото.

Реклама

БЛИЗНАЦИ
Брзи сте, духовити и неуловливи, па лесно отвoрате врати што за другите се затворени. Во врска, партнерот тешко го следи вашиот ритам, но му годи вашата искра. Слободните Близнаци добиваат порака што навестува нешто повеќе. Здравјето е добро, но нервозата може да влијае на сонот.

РАК
Имате јасна слика што сакате и не отстапувате од патот. Во љубовта ве привлекуваат луѓе кои делуваат зрело, но еден комплимент може да ви го смени фокусот. Финансиски сте стабилни, но ве иритираат туѓи неодговорни одлуки. Чувствителен е стомакот – внимавајте што јадете набрзина.

ЛАВ
Се отвораат шанси што мирисаат на патување, авантура или соработка со некој што живее далеку. Во љубовта барате партнер што може да ве следи и интелектуално и низ шега. Слободните Лавови се истакнуваат во друштвото. Енергијата е силна, но црниот дроб реагира на секоја ситница – внимавајте на храна и пијалак.

ДЕВИЦА
Сè ви се чита на лицето: нервоза, потреба за контрола на секој детаљ, нетрпение. Во љубовта ве привлекува некој ненаметлив, но со силно влијание врз вас. На работа влегувате во нешто што другите го превиделе и станувате клучна личност за решение. Здравјето е добро, но напнатоста се собира во вратот.

ВАГА
Барате мир, убавина и некој што знае да се однесува. Сепак, денес некој ви создава „пеперутки“ во стомакот – нема потреба да се спротивставувате. На работа односот со колега бара повеќе тактичност. Здравјето е стабилно, но пијте повеќе вода – телото јасно го бара тоа.

ШКОРПИЈА
Фокусирани сте, продорни и малку поостри од вообичаено. На работа забележувате туѓа грешка и тоа ве издвојува од масата – знаете да се наметнете. Во љубовта чувствувате силна привлечност кон некој што ве предизвикува ментално. Здравјето е добро, но желудникот реагира на потиснати емоции.

СТРЕЛЕЦ
Во центар сте на вниманието, што совршено ви одговара. Љубовната ситуација е огнена – за партнерот сте вистинска добивка. Слободните Стрелци запознаваат личност што „мириса“ на драма, но токму тоа ви годи. Енергијата е висока, само внимавајте на срцето и на претерувањата.

ЈАРЕЦ
Емоциите ви се нагласени – чувствувате сè поинтензивно отколку што покажувате. Во љубовта барате сигурност, без лаги и манипулации, па пријатно ќе ве изненади искрена личност. На работа мирно си го терате своето. Чувствителниот стомак бара топла, едноставна храна и малку мир.

ВОДОЛИЈА
Денес сте како машина за комуникација: преземате иницијатива, ги поврзувате луѓето и ги вртите приказните. Во љубовта флертот тече спонтано, особено преку пораки. Слободните Водолии ги привлекуваат паметни и оригинални личности. Нервниот систем е чувствителен – правете паузи за да не прегорите.

РИБИ
Смирени сте, но ништо не ви бега од око. На работа ги завршувате обврските што другите ги одложуваат. Во љубовта ве привлекуваат топлина и искреност, а кај некои Риби се јавува личност од минатото со симпатичен, носталгичен тон. Здравјето е во ред, но чувствувате тежина во нозете – кратка прошетка прави чуда.