Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Хороскоп

Дневен хороскоп за 18 јуни 2025 година

Еве што велат ѕвездите денес за љубовта, работата и здравјето: ОВЕНДенес сте…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еве што велат ѕвездите денес за љубовта, работата и здравјето:


ОВЕН
Денес сте одлучни и веднаш почнувате со реализација на плановите. Времето на чекање завршува – фокусирајте се на конкретни цели. Во љубовта, зафатените водат сериозни разговори кои ја подобруваат врската, додека слободните се соочуваат со пречки, но не се откажуваат. Можно е мал замор.


БИК
Имате многу идеи – немојте да ги игнорирате. Зафатените откриваат нова блискост со партнерот, а слободните може да запознаат некој интересен. Денот е идеален за прошетки и физичка активност. Внимавајте да не ја истрошите енергијата непотребно.

Реклама

БЛИЗНАЦИ
Внимавајте на трошоците – не носете брзи одлуки. На работа се јавуваат внатрешни дилеми. Во љубовта, зафатените се обидуваат да решат недоразбирања, а слободните се неодлучни. Внатрешната напнатост може да влијае на здравјето – избегнувајте конфликти и грижа за туѓите драми.


РАК
Непланирани промени на работа ќе ве натераат да ја покажете својата креативност. Зафатените ја подобруваат врската, а слободните зрачат со ентузијазам и привлекуваат внимание. Освежете ја вашата рутина – ќе се изненадите од себе.


ЛАВ
Денес донесувате важни одлуки поврзани со кариерата. Смело тргнувате напред. Во љубовта владее хармонија, особено кај зафатените. Слободните не дозволуваат никој да им диктира темпо. Здравјето е добро, но не се преоптоварувајте.


ДЕВИЦА
Денот носи важна деловна одлука која ќе остави впечаток. Мудро избегнувате непотребни ситуации. Во љубовта, зафатените уживаат во малите гестови, а слободните се премногу аналитични и може да ја пропуштат шансата за вистинска блискост. Потребен ви е мир – тишината е најдобар лек.


ВАГА
Атмосферата на работа е напната, но вие останувате смирени и дипломатски ја водите ситуацијата. Зафатените се соочуваат со ситни приговори, додека слободните влегуваат во флерт со потенцијал за нешто повеќе – доколку останат искрени. Грижете се за кожата и бубрезите – пијте повеќе вода и избегнувајте тешка храна.


СКОРПИЈА
Очекувајте изненадувања на работа – вашата брза реакција ќе направи разлика. Зафатените повторно ја откриваат страста во врската, а слободните оставаат силен впечаток каде и да се појават. Идеален ден за вежбање – искористете ја вишокот енергија.


СТРЕЛЕЦ
Можни се недоразбирања со претпоставени. Останете смирени и објективни. Во љубовта, зафатените чувствуваат дистанца, но со труд ќе ја вратат блискоста. Слободните влегуваат во длабок разговор кој може да се развие во нешто повеќе. Премногу стрес носи несоница – одморете се.


ЈАРЕЦ
Работата оди напред, но чувствувате дека сè е на ваши рамена. Колеги не помагаат како што очекувате. Во љубовта, тишината во врската не значи проблем – туку простор за размислување. Слободните добиваат знак од некој што веќе подолго ги гледа. Внимавајте на грбот и ‘рбетот – не ги игнорирајте болките.


ВОДОЛИЈА
Инспирацијата ве носи во неочекуван правец. Ќе се отворат нови можности кои ќе ве мотивираат. Зафатените добиваат поддршка од партнерот, а слободните зрачат со шарм. Мал замор е можен – излезете во природа, ќе ви годи.


РИБИ
Вашата интуиција е силна – точно знаете што другите мислат. Зафатените внесуваат повеќе нежност во врската, а слободните добиваат повик кој може да го смени текот на целиот ден. Можна е емоционална чувствителност – дозволете си да се одморите.