Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Хороскоп

Дневен хороскоп за 16 јули 2025 година

Еве што ви порачуваат ѕвездите денес кога станува збор за љубовта, работата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еве што ви порачуваат ѕвездите денес кога станува збор за љубовта, работата и здравјето:


ОВЕН
Денес ќе гледате појасно на нештата што до вчера ви беа неразјаснети. Ќе донесете важна одлука на работа, а интуицијата ќе ве води до личност која ви носи стабилност. За слободните – можен е значаен разговор што ќе прерасне во нешто повеќе. Добро ќе ви дојде прошетка или вежбање во природа.


БИК
Се присетувате на минатото, што ви помага полесно да одлучите. Ќе добиете деловна понуда или предлог за заедничка соработка. Во љубовта – еден збор или поглед може да разбуди чувства. Вечерта ќе ве смири, а прошетката ќе ве освежи.

Реклама

БЛИЗНАЦИ
Денес зборовите ќе имаат големо значење. Дури и случаен разговор може да отвори нова можност. Ќе бидете креативни и инспирирани. Слободните размислуваат за личност што ја запознале онлајн. Зафатените обновуваат блискост со партнерот. Вечерта посветете ја на одмор и мир.


РАК
Чувствувате олеснување – како товар да паѓа од вас. На работа, гледате нешто што другите го пропуштаат, што ви носи предност. Во љубовта уживате во мали, но значајни гестови. Добро ќе ви дојде да останете дома и да се опуштите.


ЛАВ
Ќе бидете во центарот на вниманието – некој ќе ви ја пофали работата или идеите. На емотивен план се будат чувства што сте ги заборавиле. Ќе привлечете внимание без многу труд, а зафатените ќе ја зацврстат врската. Чувствувате енергија и самодоверба.


ДЕВИЦА
Ќе решите нешто што другите не можат. Ќе донесете паметни одлуки, благодарение на вашето внимание на детали. Љубовта доаѓа неочекувано – некој што не ви се допаднал на прв поглед, ќе ви стане многу интересен. Вечерта посветете ја на себе – со книга, музика или мирна атмосфера.


ВАГА
Работите конечно се смируваат. Ќе работите без стрес, а односите со колегите и пријателите се подобруваат. Во љубовта следи убав пресврт – слободните ќе добијат порака што ќе ги израдува. Здравјето ви е добро кога не се оптоварувате.


ШКОРПИЈА
Денес сфаќате нешто важно – за себе или за некој близок. На работа, промените ќе ве изненадат, но ќе се снајдете. Можно е да се обнови контакт со некоја стара љубов. Ќе ви треба тишина и одмор. Внимавајте на соништата – може да ви кажат нешто значајно.


СТРЕЛЕЦ
Денес се отвораат можности што до вчера ви изгледаа далечни. Добри идеи – особено ако пишувате или се занимавате со едукација. Во љубовта доаѓа време за искрен разговор. Ќе ви годи дружење без стрес.


ЈАРЕЦ
Ќе добиете потврда дека вашата упорност се исплатела. Луѓето околу вас го препознаваат вашиот труд. Ќе мора да се посветите на семејството, но не заборавајте и на сопствените чувства. Љубовта може да се појави од неочекувана насока. Здравјето ви се подобрува со рутина.


ВОДОЛИЈА
Имате инспирација и добри идеи, но треба да ги претворите во реалност. Ќе се поврзете со некој што ги разбира вашите вредности. Ако сте во врска – дозволете си емоции, ќе бидете поблиски со партнерот. Слушајте што ви кажува телото.


РИБИ
На работа ќе има промени што прво ќе ве збунат, но потоа ќе сфатите дека се за добро. Во љубовта ќе почувствувате потреба од топлина и блискост – слободните ќе запознаат интересна личност, а зафатените ќе поминат убав ден со партнерот. Одвојте време за хоби или одмор.