Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Хороскоп

Дневен хороскоп за 11 септември 2025 година

Еве што ви порачуваат ѕвездите кога станува збор за љубовта, работата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еве што ви порачуваат ѕвездите кога станува збор за љубовта, работата и здравјето!

ОВЕН
Денешната динамика не ви одговара, повеќе сакате да имате целосна контрола врз ритамот на денот. На работа ве иритира колега кој во последен момент ги менува плановите. Слободните Овни губат интерес за површни разговори, а зафатените чувствуваат потреба за повеќе простор во врската. Одмор ќе ви годи.

БИК
Денот ви носи внатрешен немир кој тешко можете да го објасните. На работа имате чувство дека нешто ви се провлекува низ раце, иако не знаете што точно. Слободните Бикови избегнуваат контакт со личност што порано им била интересна, а зафатените се повлекуваат од разговори кои водат кон непријатни теми. Физичка активност ќе ви помогне да ја ослободите тензијата.

Реклама

БЛИЗНАЦИ
Можно е да имате чувство дека умот ви е „замаглен“. На работа тешко го задржувате фокусот и се расфрлате на споредни детали. Слободните Близнаци привлекуваат неодлучна личност, а зафатените наидуваат на ѕид во комуникацијата. Намалете ги социјалните активности и посветете повеќе време на себе.

РАК
Не ги игнорирајте вашите инстинкти – ако нешто „не ви звучи добро“, веројатно е така. На работа чувствувате емоционален притисок кој не сакате да го покажете. Слободните Ракови се повлекуваат од нов контакт, а зафатените имаат чувство дека го носат емоционалниот товар за двајца. Побарајте време за внатрешен мир и одмор.

ЛАВ
Имате потреба да се докажете, но прашањето е – кому и зошто? Денот може да биде обележан со его-судири, што носи тензии на работа. Слободните Лавови може да почувствуваат одбивање, а зафатените влегуваат во расправија без вистинска причина. Подобро е да се повлечете и да ги слушнете сопствените потреби, отколку да се борите само од принцип.

ДЕВИЦА
Вашата склоност кон перфекционизам денес ве изморува. На работа ве zatrpуваат со барања и не знаете од каде да почнете. Слободните Девици чувствуваат емоционална празнина, а зафатените влегуваат во фаза на молчење и дистанца. Успорете – не мора сè да завршите токму денес.

ВАГА
Односите денес ве оптоваруваат повеќе од вообичаено. На работа ви пречи нечија пасивна агресија, а во приватниот живот чувствувате заситеност од комуникација. Слободните Ваги добиваат збунувачки сигнали од нова симпатија, а зафатените избегнуваат подлабоки теми. Времето поминато во природа ќе ви помогне да се ресетирате.

ШКОРПИЈА
Денот е полн со контрадикции – сакате да се изразите, но истовремено се повлекувате во себе. На работа некој не ви ја кажува целата вистина, а тоа јасно го чувствувате. Слободните Шкорпии сретнуваат личност која буди сомнежи, а зафатените не сакаат да отворат важен разговор. Дисциплината во сопствените мисли денес е вашето најсилно оружје.

СТРЕЛЕЦ
Имате идеја, но не и вистинско време да ја реализирате. На работа се чувствувате ограничени, како вашата енергија да нема каде да се излее. Слободните Стрелци доживуваат разочарување од личност што им изгледала интересна, а зафатените влегуваат во период на рамнодушност. Не се форсирајте – и одморот е подеднакво продуктивен како и акцијата.

ЈАРЕЦ
Денешните ситници ви пречат многу повеќе отколку обично. На работа ве оптоварува чувството на одговорност за сите и за сè. Слободните Јарци се затвораат пред нови емотивни шанси, а зафатените се чувствуваат осамено иако се во врска. Дозволете си мал предах – светот нема да запре ако малку успорите.

ВОДОЛИЈА
Денес имате чувство дека од вас се очекува повеќе отколку што можете да дадете. На работа ве ограничува недостатокот на слобода при изборите. Слободните Водолии запознаваат личност со различни вредности, а зафатените чувствуваат ментална дистанца од партнерот. Прифатете ги чувствата наместо да се борите со нив – тоа е првиот чекор кон разбирање.

РИБИ
Денес сте преосетливи на коментарите на другите. На работа ви пречи преголемата врева и присуство на многу луѓе. Слободните Риби добиваат порака која ќе ги збунува, а зафатените избегнуваат разговор кој одамна требаше да се случи. Изолацијата и креативноста можат да ви бидат најбезбедно прибежиште денес.