Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Димитриевски: Заминувањето на Цеков е негова лична одлука, но мандатот им припаѓа на граѓаните

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, за време на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, за време на гостувањето на една од националните телевизии, се осврна на заминувањето на пратеникот Миле Цеков, оценувајќи дека станува збор за личен чин кој не ја нарушува стабилноста на партијата, се вели во соопштението на ЗНАМ.

Тој посочи дека оддалечувањето на Цеков било процес кој подолго време бил видлив, нагласувајќи дека ваквиот исход не е изненадување.

„Пратеникот Цеков веќе подолго време не учествуваше во работењето ниту на Централниот, ниту на Извршниот одбор. Беше евидентно дека нешто се случува. Тој не е исклучен од партијата – ЗНАМ не исклучува свои членови, камоли пратеници. Ја донесе оваа одлука и слободен му е патот, секој со свој крст. Но, доколку имате минимум политичка и морална одговорност, треба да го вратите мандатот на граѓаните. Ова е реприза од минатото, но многу е побитен моментот кои се мотивите. Струмичката јавност најдобро го знае тоа.“ – истакна Димитриевски.

Реклама

Во однос на причините за ваквиот потег, Димитриевски укажа на промена на политичките ставови и отстапување од партиските позиции, поврзувајќи го тоа и со прашањето на политичката одговорност и принципи.

„Гледаме рапидна промена на ставови, вклучително и поддршка на предлози кои никогаш не биле разгледувани во рамки на партијата. Тоа остава простор дека имало намера. Дали е така, времето ќе покаже. Во ЗНАМ нема и нема да има простор за локални шерифи и злоупотреба на функциите, а токму затоа и очекуваме одговорност – мандатот да се врати таму каде што припаѓа“ – нагласи тој.

Осврнувајќи се на поширокиот политички контекст, Димитриевски повтори дека ставовите на партијата се јасни и непроменети.

„Нашите позиции се јасни, македонски идентитет, јазик, историја и европска интеграција со заштита на националните позиции, вклучително и пристапот кон уставните прашања. Господинот Цеков излезе со дијаметрално спротивни ставови и тука е суштинското разидување.“ – истакна Димитриевски.

ЗНАМ останува цврсто на своите принципи и политички определби, со јасен фокус на одговорно политичко делување, доследност кон ветеното и почитување на довербата дадена од граѓаните.