Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Болните и изнемоштени лица ќе гласаат утре, ден пред гласањето за локалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Болните и изнемоштени лица ќе гласаат утре, ден пред гласањето за локалните избори во недела. Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори од гласачи од Валандово и еден приговор од гласач од Карбинци.

Иако, рокот за приговори за гласање во домашни услови заврши на 14 октомври, како што информираше претседателот на ДИК Борис Кондарко, разгледани се овие четири приговори затоа што решенијата на гласачите им се дадени од страна на ОИК на 14 октомври.

– Проблемот настана што ОИК одлучувала за нивно одбивање на 11 октомври и дури три дена подоцна ги изготвила и им ги врачила решенијата на гласачите. Затоа одлучивме приговорот да го сметаме за навремен за да не се наруши правото на граѓаните кое не е по нивна вина затоа што уредно го примиле решението и во законски рок поднеле приговор, појасни Кондарко.

Реклама

Денеска од страна на ДИК се одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите со што вкупниот број на набљудувачи во недела ќе изнесува 1.462 набљудувачи од кои 808 се домашни и 664 меѓународни набљудувачи и 12 странски новинари.