Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул

Македонија останува цврсто посветена на процесот на пристапување кон Европската Унија, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува цврсто посветена на процесот на пристапување кон Европската Унија, кој претставува клучен двигател на реформите, владеењето на правото и зајакнувањето на институциите, е пораката на претседтелот на Собранието Африм Гаши кој со делегација на Собранието на Македонија учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 15 до 19 април во Истанбул. Главна тема на собранието е „Негување надеж, консолидирање на мирот и обезбедување правда за идните генерации“.

Како што соопштија од собраниската служба за информирање, претседателот Гаши, на генералната дебата, истакнал дека светот се соочува со сериозни предизвици, како притисоци врз демократијата, бројни конфликти и продлабочени социјално-економски нееднаквости. Тој го истакнал и Договорот од Преспа како пример за успешно решавање на долготрајни спорови преку дијалог, политичка храброст и меѓусебна почит.

Гаши го потенцирал и фокусот на дигиталната трансформација и одговорната употреба на вештачката интелигенција, во согласност со европските и меѓународните стандарди, како и преземањето мерки за одржлив развој, намалување на сиромаштијата, енергетска транзиција и справување со еколошките предизвици.

Реклама

Осврнувајќи се на улогата на младите, Гаши истакнал дека нивното поголемо учество во политичките процеси е од суштинско значење за правична застапеност на идните генерации.

Пратеникот Никола Мицевски учествувал во работата на Комисијата за демократија и човекови права, каде се одржала стручна расправа на тема инклузивен социјален развој и унапредување на правата на лицата со попреченост. Според него, парламентите имаат клучна улога во создавањето инклузивни општества, преку законодавни решенија и поттикнување општествен дијалог.

Во делегацијата која ја предводи Гаши, се пратениците Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Арбана Пашоли и Јована Мојсоска, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, која учествува на Заседанието на Здружението на генерални секретари на парламенти.