Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Делчево и Чрномељ ја продлабочуваат соработката – нови иницијативи за развој и партнерство

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со делегација составена од претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со делегација составена од претседателот на Советот, Николчо Стојменовски, директорот на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“, Златко Начовски, и командирот на ТППЕ Делчево, Сашко Поповски, престојува во официјална посета на Општина Чрномељ во Словенија, каде се разгледуваат можностите за продлабочување на меѓуопштинската соработка.

Како што информираат од Општина Делчево, посетата претставува значаен чекор во зацврстувањето на пријателските односи меѓу двете општини, кои и покрај географската оддалеченост од околу 1.000 километри, успешно градат партнерство базирано на заеднички вредности и визија за развој.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека посетата претставува посебна чест и можност делегацијата одблиску да се запознае со функционирањето на Општина Чрномељ и нејзиниот успешен пристап во искористување на европските фондови, развојот на инфраструктурата и поддршката на малите и средни претпријатија.

Реклама

– Особено сме благодарни за досегашната поддршка од Општина Чрномељ, особено во делот на опремување на Територијалната противпожарна единица и едукацијата на младите од Делчево преку летните кампови за справување со кризни ситуации, изјави Гоцевски.

Во рамки на посетата, остварена е средба со градоначалникот на Чрномељ, Андреј Кавшек, при што била договорена натамошна соработка во повеќе области, меѓу кои локалниот економски развој, културата, образованието, туризмот и младинските политики.

Од Општина Делчево нагласуваат дека поврзувањето на потенцијалите на двете општини може да донесе конкретни придобивки за граѓаните, отворајќи нови можности за инвестиции и меѓународна соработка.

Делчево, како општина лоцирана во источниот дел на државата, располага со значајни природни ресурси и потенцијал за развој на рурален и еко-туризам, додека Чрномељ се издвојува со своето искуство во прекуграничната соработка, културата и туризмот.

Соработката меѓу двете општини се посочува како позитивен пример дека јасната визија за заеднички развој може да ги надмине географските бариери и да создаде цврсти партнерства во интерес на граѓаните.