Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Македонија

Даштески: Образованието ни е во ќор сокак

Училиштата и факултетите и натаму ќе учат онлајн, односно до целосно ставање…

Сподели:

Училиштата и факултетите и натаму ќе учат онлајн, односно до целосно ставање под контрола на пандемијата. Добар дел од нив не се ни малку подготвени, вели за Алфа универзитетскиот професор Александар Даштевски. Според него, мора да се направат сериозни чекори за да се учи онлајн, бидејќи без образование нема квалитетна држава. Во новиот Закон за високо образование, вели, членот за онлајн учење целосно се укина, и сега се наоѓаме во ќор сокак.

– Токму затоа, целиот Закон овие две години не функционира, и резултатите беа многу лоши, мора веднаш да се посветиме на тоа да почнеме да учиме онлајн, за да има ефект образовниот систем, зашто вака не спремни не одиме на дорбо, вели Даштевски.

Реклама

И министерот Арбр Адеми признава дека министерството сè уште не подготвило стратегија за ова прашање.

Дека е ситуацијата е катастрофална тврди и професорот. Вели, се уште немало одлука како ќе изгледа јунската испитна сесија за студентите, ниту пак како ќе изгледаат приемните испити за новите студенти. Тоа ќе зависи од спецификите на факултетите, но и како ќе се менуваат мерките за спречување на ширење на пандемијата.

Даштески вели дека седењето дома некако убаво им дошло и на учениците и студентите, зашто при полагање можеле да ѕирнат по малку книгите. Но сепак, без учење не може да се помине.

Во меѓу време, наставниците сериозно се загрижени ако ситуацијата продолжи и од септември. Велат дека најпогодени ќе бидат учениците, особено оние од руралните средини кои немаат ни компјутер а камо ли интернет.

Од образование веќе се изјаснија дека нема да има државна матурата. Тековната учебна година ќе се заврши со онлајн настава. Уписот на првачиња ќе започне во јуни, а ќе се преорганизира и уписот во високообразовните институции.

И натаму останува неодговорено клучното прашање, кој ќе одговара ако се случи уште една промашена учебна година од септември?

Борис Грујоски