Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Костадиновски и словенечкиот амбасадор Прескер разговараа за соработката меѓу уставните судови

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска остварил средба со амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска остварил средба со амбасадорот на Словенија во Македонија, Грегор Прескер, и заменик-амбасадорката Ника Ротар, на која биле разменети мислења за актуелните состојби во работата на Судот и можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.

Како што соопшти Уставниот суд, Костадиновски го информирал словенечкиот амбасадор за актуелностите и предизвиците со кои се соочува институцијата, како и за активностите насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и довербата на јавноста во работата на Судот.

На средбата било истакнато значењето на досегашната соработка меѓу уставните судови на Македонија и Словенија, при што соговорниците се заложиле таа да продолжи и во иднина преку организирање заеднички активности и настани за размена на искуства и добри практики.

Реклама

Костадиновски и Прескер ги нагласиле и традиционално пријателските односи меѓу двете држави, оценувајќи дека тие претставуваат добра основа за понатамошно продлабочување на соработката на институционално ниво.