Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Повозрасните охриѓани добија Дневен центар за активно стареење

Во Охрид денеска официјално беше отворен Дневен центар за стари лица со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Охрид денеска официјално беше отворен Дневен центар за стари лица со активно стареење, простор наменет за дружење, рекреативни и едукативни активности, како и за намалување на осаменоста и социјалната изолација на повозрасните лица.

Станува збор за проект реализиран од Општина Охрид, Светската банка и Министерството за социјална политика, демографија и млади, а носител на проектот е Здружението на граѓани ВОПС.

Центарот, што во моментов го посетуваат триесеттина корисници, ќе овозможува различни активности за поттикнување на физичката и менталната активност, зачувување и развивање на индивидуалните способности, стекнување нови знаења и меѓусебно дружење и солидарност. Предвидени се и активности за активно учество на старите лица во животот на локалната заедница, како и меѓугенерациска соработка и поврзување на различни генерации.

Реклама

На свеченото отворање се обрати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој оцени дека отворањето на Центарот е важен чекор во создавањето похумано и грижливо општество.

-Нашите постари сограѓани го градеа Охрид, ги воспитуваа генерациите пред нас и со својот труд го дадоа темелот на сето она што денес го имаме. Затоа, наша должност и морална обврска е да им обезбедиме достоинствени услови, исполнети денови, почит и грижа какви што заслужуваат- рече градоначалникот.

Пецаков информира дека Светската банка и Министерството за социјална политика, демографија и млади обезбедиле 1.250.919 денари, додека Општина Охрид како кофинансиер учествувала со 438 илјади денари. Просторот е во сопственост на Општина Охрид, која ги презема и трошоците за месечните комунални сметки, а обезбедено е и патничко комбе за превоз на корисниците.

Дневниот центар располага со соба за дневен престој, кујна, простории за рекреација и за стручни тимови и три тоалети. Отворен е од 8 до 16 часот, а за секој ден од неделата се предвидени различни содржини од спортски, рекреативен, културен и социјален карактер.

„Новиот Дневен центар е замислен како место каде што нашите повозрасни сограѓани ќе можат да се дружат, да учествуваат во разни рекреативни и едукативни активности, да добиваат соодветна поддршка и, најважно од сè, да не се чувствуваат осамено“, рече Пецаков.

Тој најави дека Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да вложува во социјални услуги и проекти кои директно го подобруваат квалитетот на животот на сите генерации.