Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Гаши пред студенти од Колеџот на Европа: Проширувањето на ЕУ денес е прашање на безбедност и стабилност

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска пред делегација од 36 меѓународни постдипломски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска пред делегација од 36 меѓународни постдипломски студенти од Колеџот на Европа во Тирана порача дека европската интеграција на Македонија останува долгорочна и стратешка определба на државата, нагласувајќи дека проширувањето на Европската Унија денес треба да се гледа и како прашање на безбедност и стабилност.

Како што соопштуваат од Собранието, обраќајќи се пред студентите од Одделот за европска трансформација и интеграција, кои доаѓаат од 19 европски земји и престојуваат во земјава во рамки на студиска посета, Гаши истакнал дека евроинтегративниот процес треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните.

Тој се осврнал на комплексноста на пристапниот процес и потсети дека од Самитот во Солун во 2003 година, кога беше потврдена европската перспектива на земјите од Западен Балкан, поминале 23 години.

Реклама

Гаши ја нагласил и важноста од вреднување на компромисите што ги направила државата на евроатлантскиот пат, потсетувајќи дека земјата го промени своето име со цел да ги оствари стратешките интеграциски цели, но дека отворањето на поглавјата за членство во Европската Унија не следувало со очекуваната динамика.

Во обраќањето тој говорел и за потребата од исполнување на реформската агенда во земјите кандидати, посочувајќи ги владеењето на правото, човечкиот капитал, дигиталната и зелената транзиција и економскиот развој како клучни области за приближување кон европските стандарди и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Осврнувајќи се на работата на законодавниот дом, Гаши ги повторил заложбите за отворено и транспарентно Собрание кое ќе работи согласно највисоките демократски стандарди и ќе одговара на потребите на граѓаните.