Без вода од 16:35 часот се корисниците од улицата „Венијамин Мачуковски“ во ниската зона, соопшти ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.
Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Венијамин Мачуковски“ бр. 10, и ќе трае до завршување на интервенцијата.

