Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Д-р Јовева: Стресот, нервозата, несоодветна превенција на ризик факторите и генетиката – најчeсти причини за мозочен удар

-Студентската организирана медицинска асоцијација (СОМА) на Факултетот за медицински науки-Штип денеска по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Студентската организирана медицинска асоцијација (СОМА) на Факултетот за медицински науки-Штип денеска по повод Недела на мозочниот удар реализираше предавање со наслов „Препознај, реагирај, биди нечија шанса за живот“. Матеј Бошкоски, студент на Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ и претседател на Студентски организираната медицинска асоцијација СОМА- Штип рече дека денешната иницијатава има цел за подигнување на свеста за навременото препознавање на симптомите и значењето на брзата реакција при мозочен удар.

-Како студенти по медицина, веруваме дека нашата одговорност кон човечкиот живот започнува уште за време на студиите. Преку оваа иницијатива сакаме да покажеме дека знаењето на секој еден од нас може да спаси и да биде шанса за нечиј живот-вели Бошковски.

Универзитетската професорка, воедно и невролог на Одделението за неврологија во Клиничка болница-Штип, Елена Јовева истакна дека најмладиот пациент има само 25 години, а највозрасниот 90 години. Таа истакна дека најчeсто причини за мозочен удар кај пациентите се стресот, нервозата, несоодветна превенција на ризик факторите, а влијание има и генетскиот фактор.

Реклама

-Кај младата популација може да имаме генетика и некои скриени фактори  за кои што пациентот не е свесен. Стресот, нервозата може да доведат до мозочен удар, меѓутоа стресот ќе го покачи крвниот притисок и на крај се добива мозочен удар-вели Јовева. 

Таа додаде дека месечно на Одделението за неврологија во Штип  се примаат околу 70 пациенти, и изрази задоволство што „голем дел од пациентите завршуваат со позитивен исход“.