Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Царинската управа го трасира патот кон ЕУ – воведена Фаза 6 на транзитниот систем што се применува во ЕУ

Целокупната трговија што транзитира низ земјава од 1 јуни се одвива преку новиот компјутеризиран транзитен систем – Фаза 6, со што нашата држава целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ. Воведувањето на НКТС Фаза 6 е дел од нашите обврски предвидени со Планот за раст, со што Царинската управа […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целокупната трговија што транзитира низ земјава од 1 јуни се одвива преку новиот компјутеризиран транзитен систем – Фаза 6, со што нашата држава целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ. Воведувањето на НКТС Фаза 6 е дел од нашите обврски предвидени со Планот за раст, со што Царинската управа јасно ја потврдува својата посветеност на забрзаната интеграција во единствениот пазар на ЕУ, пишува во денешното соопштение на Царинската управа.

– Со овој чекор, македонскиот царински транзитен систем е целосно усогласен со системите што ги применуваат 80 проценти од земјите – членки на Конвенцијата за заеднички транзит, вклучувајќи ги Германија и Грција, а во следниот период ќе работи и на дополнителна надградба на системот. Со тоа, нашата држава ќе се вброи меѓу земјите што ќе воведат систем којшто овозможува поднесување на една единствена транзитна декларација, заедно со безбедносните најави – се додава во соопштението.

Ваквиот начин на воведување на системот, како што се нагласува, овозможува олеснување на трговијата и стабилност на трговските текови, без поголеми ризици за застои на граничните премини.

Реклама

– Имплементацијата на овој систем претставува клучен исчекор во модернизацијата на царинското работење, кој преку олеснување на трговијата и воведување на безбедносни проверки пред пристигнување на стоката на граница, носи директни придобивки за бизнис – заедницата и за економскиот раст на државата – истакнува директорот на Царинската управа, Бобан Николовски во пишаната изјава.

Царинската управа нагласува дека продолжува со засилена имплементација на Реформската агенда и Планот за раст.

– Европа не се освојува со зборови, туку со реформи и резултати. Ние реформите ги спроведуваме, а резултатите се видливи и лесно мерливи“ – додава Николовски.