Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Честитка на Движењето ЗНАМ за изборната победа на партијата Прогресивна Бугарија на Румен Радев

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија упатува искрени честитки до господинот Румен Радев,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија упатува искрени честитки до господинот Румен Радев, како и до партијата Прогресивна Бугарија за остварениот изборен резултат на парламентарните избори во Република Бугарија. Очекуваме новата Влада да придонесе кон натамошно зајакнување на демократските процеси, владеењето на правото и доследно почитување на европските вредности и стандарди, вклучително и исполнување на Копенхашките критериуми, се вели во соопштението на Движењето ЗНАМ.

Движењето ЗНАМ изразува искрена надеж дека во претстојниот период ќе се отвори простор за зрел, отворен и конструктивен дијалог, кој ќе овозможи надминување на отворените прашања меѓу двете држави. Во таа насока, остануваме цврсто посветени на потребата од заштита и унапредување на правата на македонското малцинство во Република Бугарија, како и на целосно почитување на македонскиот идентитет, јазик, историја и културно наследство.

Воедно, го реафирмираме ставот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија дека уставни измени со цел внесување на бугарската заедница нема да бидат прифатени без јасни, цврсти и недвосмислени гаранции дека тоа претставува последно условување во процесот на деблокада на европскиот пат на државата.

Реклама

Веруваме дека со политичка зрелост и взаемна почит може да се создаде нова клима на доверба која ќе придонесе за вистинско унапредување на билатералните односи меѓу двете држави. Таквиот развој е од суштинско значење и за стабилноста на регионот, но и за непречено продолжување на европскиот интегративен пат на Македонија, како стратешка определба на нашите граѓани.

Дијалогот, взаемната почит и принципиелниот пристап остануваат единствениот одржлив пат кон стабилни односи и европска перспектива во која Македонија ќе биде третирана со достоинство и рамноправност.