Македонија
Сиљановска Давкова – Калињак: Билатералните прашања не смеат да бидат предмет на преговорите за членство во ЕУ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак. Словачкиот вицепремиер ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да […]



