Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Димитриеска-Кочоска: Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

Актуелната Влада успешно ги враќа старите и наследени долгови од минатата власт. Министерството за финансии соопшти дека во целост ја реализирало исплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година, во вкупен износ од 700 милиони евра. Со исплатата на 327,9 милиони евра целосно е заокружен процесот на отплата на оваа обврзница. Претходно, во февруари годинава, Министерството […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелната Влада успешно ги враќа старите и наследени долгови од минатата власт. Министерството за финансии соопшти дека во целост ја реализирало исплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година, во вкупен износ од 700 милиони евра. Со исплатата на 327,9 милиони евра целосно е заокружен процесот на отплата на оваа обврзница. Претходно, во февруари годинава, Министерството изврши и предвремена отплата на првиот дел во износ од 383,7 милиони евра.

„Ова претставува уште една потврда за одговорното управување со јавните финансии и посветеноста на Владата и Министерството за финансии кон навремено и редовно сервисирање на сите финансиски обврски на државата“, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Парите за исплатата државата, односно Министерството за финансии, ги обезбеди со еврообврзница што беше издадена во јануари годинава.

Реклама

„Во втората половина од 2024 година, откако ја презедовме власта, исплативме обврски во износ од 786 милиони евра. Во текот на 2025 година исплатени се 2,198 милијарди евра и во текот на 2026 година 1,571 милијарди евра, што во вкупен износ за целиот овој период изнесува 4,556 милијарди евра“, истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.