СДСM повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДСM се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата.
Во СДСM се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да ги потсетиме. За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДСM, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на горивата да во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко.
Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДСM и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти.
И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти.
За разлика од марихуана економијата на СДСM и стабри здравството на Филипче денес владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување странски инвестиции, отварање на нови фабрики, нови работни места и подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.

