Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Скопје добива ново обележје: По повеќе од една деценија, конечно заврши изградбата на кулата на Водно

Кулата на Водно конечно ќе проработи. По повеќе од 12 години од почетокот на изградбата од АЕК најавуваат дека таа ќе профункционира. Кулата е еден од најголемите инфраструктурни проекти во Скопје во изминатата деценија. Директорот на Агенцијата, Орце Симов вели дека преостанува уште добивање на дозволата, за која верува дека ќе биде до крајот на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кулата на Водно конечно ќе проработи. По повеќе од 12 години од почетокот на изградбата од АЕК најавуваат дека таа ќе профункционира. Кулата е еден од најголемите инфраструктурни проекти во Скопје во изминатата деценија. Директорот на Агенцијата, Орце Симов вели дека преостанува уште добивање на дозволата, за која верува дека ќе биде до крајот на месецов.

-Сите градежни активности се завршени, остана уште постапката за добивање на употреба на дозвола, и потоа телекомуникацската кула ќе биде ставена на располагањее на нејзините корисници, а тоа во првиот момент ќе биде макеодонска радиодифузија, мобилните оператори, војската и полицијата–истакна директорот на АЕК Орце Симов

Освен телекомуникациската функција, објектот содржи и административни простории, а на неговиот врв е предвиден панорамски ресторан со поглед кон Скопје.

Реклама

-Во неа има четири  платформи  кои што имаат големина од по двеста квардрати коишто ќе ги користат субјектите кои ќе имаат нивна опрема, а последната ќе биде користена за туристички цели за луѓе за туристи кои ќе сакаат во пиење кафе–истакна директорот на АЕК Орце Симов

Симов откри и дека проектот е пријавен за учество на Светскиот фестивал на архитекти 2026, каде ќе конкурира за меѓународно признание во областа на архитектурата.Кулата на Водно почна да се гради во 2013 година и претставува еден од највисоките објекти во државата.Според податоците, таа е висока 155 метри, изградбата траеше повеќе од 12 години а чинеше 18 милиони евра.