Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Георгиевски изврши увид во изградбата на новата училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за изградба на новата училишна зграда во рамки на ООУ „Гоце Делчев“ во населба Илинден, каде интензивно се работи на реализација на овој значаен капитален проект – нов училишен објект на површина од над 900 м², на два ката, со десет училници, шест санитарни јазли, од кои два приспособени за лица со попреченост, лифт, наставничка канцеларија и две помошни простории.

Како што информираат од Општина Илинден, градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, при што целосно се завршени фасадните и лимарските работи, додека во тек се молерофарбарските работи, изведбата на водоводната и канализациската инсталација, како и работите поврзани со ПВЦ столаријата.

-Со реализацијата на овој проект ќе се создадат современи и функционални услови за одвивање на наставата, а повеќе од 1.000 ученици ќе добијат можност да ја следат наставата во една смена, со што значително ќе се унапреди организацијата и квалитетот на образовниот процес – се вели во соопштението од Општина Илинден.

Реклама

При увидот, Георгиевски, како што информираат од Општина Илинден, истакнал дека вложувањата во образовната инфраструктура остануваат еден од главните приоритети на локалната самоуправа, со континуирани инвестиции во подобрување на условите во сите основни училишта на територијата на општината.

Изградбата на новата училишна зграда се реализира во соработка со Владата и Министерството за образование и наука.