Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Ќура: 80 проценти од започнатите проекти во Струга се пред завршување, Општината вратила 2,5 милиони евра долгови

Околу 80 проценти од проектите што ги започнавме по доаѓањето на власт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 80 проценти од проектите што ги започнавме по доаѓањето на власт се при крај со реализација – истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, на која ги презентираше резултатите од првата година од мандатот.

Најголем проблем со кој се соочил по стапувањето на функцијата, според него биле финансиите во Општината.

– Со ефикасна администрација стигнавме да вратиме долгови од повеќе од 2,5 милиони евра по основ на извршување. Продолжуваме да враќаме уште долгови. Нормално, треба да се заблагодариме на граѓаните кои се откажаа од каматите во износ од околу 300.000 евра. Со доброто менаџирање на финансискиот дел добивме 600.000 евра ДДВ повеќе од минатата година. Тоа помогна да се подобри финансискиот дел – изјави Ќура.

Реклама

Општината имала наталожени долгови од 2007 година по основ на експропријација и други дејности што биле реализирани.

– Земајќи ги предвид и каматите кои достигнуваат и до 100 отсто по основ на извршување, односно долг од пет милиони евра – изјави Ќура. 

Општинската сметка сè уште е блокирана, а за враќање остануваат уште пет милиони евра. Градоначалникот очекува долгот да биде исплатен до крајот на годината, со што Струга, како што рече, за првпат во својата историја би била без долгови.

Тој подвлече дека во завршна фаза се проектите со изградба на улиците Туристичка и Колекторска, канализацијата во селото Враништа, патот Мислешево – Требеништа…

Во однос на забелешките за решавањето на проблемот со паркинг просторот во Струга, тој информира дека е изработена фезибилити студија за едната катна гаража, а во тек е изработка и за втора, подвлекувајќи дека тоа е проект кој се реализиа во период од три до четири години. 

Потсети и дека во соработка со централната власт во тек е изработка на закон за плажи и оти се работи на изнаоѓање решение за изградба на современо пристаниште во Струга.

Ќура се пожали дека во општинската администрација има недостаток на соодветен кадар во секторите урбанизам и финансии, како и во инспекторатите.