Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Пелегрини: По меморандумот за соработка, зголемен интерес за економска соработка меѓу Скопје и Братислава

Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини истакана дека по потпишувањето на меморандумот за економска соработка за време на неговата посета на Скопје минатата година, забележана е нова динамика во билатералните економски односи. – По потпишувањето на меморандумот за соработка во делот на економијата за време на мојата посета на Скопје минатата година, се појави нова динамика […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини истакана дека по потпишувањето на меморандумот за економска соработка за време на неговата посета на Скопје минатата година, забележана е нова динамика во билатералните економски односи.

– По потпишувањето на меморандумот за соработка во делот на економијата за време на мојата посета на Скопје минатата година, се појави нова динамика во економските односи. На почетокот на оваа година имаше состанок на заедничката Комисија за економска соработка овде во Братислава и повторно бизнис-форум, што беше организиран од страна на министерот за финансии, на кој учествуваа стотина компании од Северна Македонија – изјави Пелегрини по денешната средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е во официјална посета на Словачка.

Тој додаде дека македонските компании покажале значителен интерес за соработка со словачките партнери, особено во повеќе индустриски сектори.

Реклама

Пелегрини посочи и дека трговската размена покажува негативно салдо за Словачка, при што доставувачите од Северна Македонија испорачуваат повеќе делови за автомобилската индустрија отколку што Словачка извезува на македонскиот пазар.

Во однос на енергетиката, тој ја нагласи важноста од изградба на регионални инфраструктурни врски, особено меѓу Грција и Северна Македонија, што би овозможило диверзификација и нови патишта за транспорт на енергија кон регионот.

Треба да има изградена врска меѓу Грција и Северна Македонија бидејќи овој дел е многу интересен за нас од перспектива на диверзификација и нови патишта за транспорт на енергијата до нашиот регион – рече тој.