Реклама

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Македонија

Мицкоски: Ако бевме петти, сега сме на добар пат да бидеме трети во Европа по растот на економијата

Економијата расте, навработеноста се намалува. И во услови на глобална нестабилност, македонската економија продолжува да покажува агилност. Економската активност во текот на годинава продолжува со солидно темпо што според премиерот Мицкоски дава надеж за уште поохрабрувачки очекувања за развојот на домашната економија која и натаму останува во европскиот врв. Мицкоски очекува економски раст меѓу 3 […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата расте, навработеноста се намалува. И во услови на глобална нестабилност, македонската економија продолжува да покажува агилност. Економската активност во текот на годинава продолжува со солидно темпо што според премиерот Мицкоски дава надеж за уште поохрабрувачки очекувања за развојот на домашната економија која и натаму останува во европскиот врв. Мицкоски очекува економски раст меѓу 3 и 3,5 проценти во првиот квартал што е значајно во време кога светот се уште се соочува со сериозни економски и енергетски предизвици.

„Што се однесува до бруто-домашниот производ, сите индикатори коишто ги следиме од првиот квартал којшто веќе измина, тоа се месеците јануари, февруари и март, велат дека ќе имаме, во услови на епска светска енергетска криза, солиден раст. Јас би очекувал растот да се движи меѓу 3 и 3,5%. Номиналниот раст би бил можеби два до два и пол пати поголем од тоа, но да почекаме Државниот завод за статистика да ги објави бројките. Но, како и да е, повторно ова сега што ќе го кажам може некој на социјалните мрежи да го исмева, но како и да е, сега ќе бидеме не во првите пет, туку во првите три во Европа” – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Растот на економијата се одразува и врз пазарот на труд. За две години отворени се повеќе од 17 илјади нови работни места. Ваквиот тренд според премиерот е потврда дека економските политики на Владата се поставени соодветно и даваат резултати.

Реклама

Инаку, бројот на вработени во Македонија достигна над 707 илјади луѓе, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Статистиката покажува и намалување на невработеноста. Во првото тримесечје од годинава бројот на невработени е намален за еден процент во однос на крајот на 2025 година, а за 2,3 проценти во споредба со истиот период лани.Стапката на невработеност изнесува 11,3 проценти.