Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Бугарските институции ја одобрија изградбата на граничниот премин Струмјани – Берово

Изградбата на граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија, Струмјани – Берово, може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија, Струмјани – Берово, може да почне по потпишаните потребните еколошки процедури во Министерството за животна средина и водни ресурси, пренесува БНР.

– Најтешкиот пат со одобрување на извештаите за влијанието врз животната средина е веќе завршен, и тоа во пократок временски период од очекуваниот. Во меѓувреме, се координираат барањата за инфраструктурата на самиот премин во однос на царината и граничната контрола – изјави градоначалникот на општина Струмјани, Емил Илиев.

Паралелно со овие процедури, Илиев вели дека биле преземени активности за координација на институциите поврзани со одобрувањето на овој проект поради што смета дека работите може да се случат многу побргу. 

Реклама

Осумкилометарската траса на патот до границата е исто така веќе одобрена, а избрана е пократката и поеколошка опција. Носител на проектот е локалната самоуправа на регионот Благоевград и Агенцијата за патна инфраструктура, а трошоците за негово спроведување изнесуваат 5,5 милиони евра. 

Градоначалникот на општина Струмјани изрази уверување дека новиот граничен премин меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде оперативен до крајот 2029 година. 

– Исто така, постои загриженост од страна на раководството на програмата „Бугарија – Македонија“ дека таа нема да го достигне крајот на програмскиот период, но ние ќе направиме сè што е можно како локална самоуправа и, секако, со локалната администрација, која е корисник, сето ова да се случи во рамките на овој програмски период од 2027 до 2029 година – изјави Илиев. 

МакедонскатаЦаринска управа во октомври 2024 година почна активности за проектот за воспоставување на новиот граничен премин Струмјани – Берово (Клепало) со Бугарија, со инвестиција од 3,7 милиони евра. За овој проект обезбедени се 3,1 милиони евра грант од ИПА 3-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Бугарија, а 551.548 евра се национално кофинансирање. 

Отворањето на преминот Клепало се очекува да ја зајакне регионалната поврзаност олеснувајќи го сообраќајот на луѓе и стоки и да создаде услови за економски развој и туризам во Малешевскиот крај.