Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Божиновска на седмиот форум за трансатлантска енергетска соработка во Варшава

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска и утре,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска и утре, ќе учествува на седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), во Варшава, Полска.

Божиновска, како што најавуваат од нејзиниот кабинет, ќе учествува како панелист на сесијата посветена на зајакнувањето на европската енергетска безбедност, отпорноста на критичната инфраструктура и диверзификацијата на снабдувањето со енергија.

Настанот е организиран во соработка со Атлантскиот совет и, како што информираат од МЕРМС, претставува значајна платформа за дијалог и размена на искуства меѓу високи владини претставници, меѓународни институции и претставници на енергетскиот сектор од Европа и САД, меѓу кои американскиот секретар за енергетика – Крис Рајт, премиерот на Полска – Доналд Туск и полскиот министер за енергетика – Милош Мотика.

Реклама

Форумот претставува значајна платформа за размена на ставови и искуства, унапредување на енергетската соработка и отворање можности за нови партнерства меѓу Европа и САД.