Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. На денешната Божествена литургија, со која чиноначалствуваше архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, тој беше хиротонисан за митрополит и устоличен на тронот на епархијата.

Тој пред членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА и присутните во црквата „Света Софија“ во Охрид се завети дека ќе работи согласно каноните на Црквата и оти ќе извршува што ќе му биде заповедано со најголема послушност, имајќи ги во предвид вистината и правдата.

„Сето тоа ќе го правам според мојата совест, без да робувам на лицемерноста и да бидам роб на страстите, но секогаш ќе го имам на ум единствениот Божји суд, со искрена љубов кон Бога и кон ближните… Се заколнувам со живиот Бог дека секогаш ќе ги имам на ум Неговите зборови – проколнат да биде секој онај што нема да го извршува Божјото дело. И дека во сите работи поврзани со мојот повик како со дела Божји нема да бидам мрзлив, туку ќе бидам вреден и ќе работам со сите мои сили“,
изјави митрополитот Георгиј.

Реклама

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, рече дека денеска Црквата добила архиереј кој е достоен на своите претци и кој ќе го продолжи нивното светло, и оти сите досегашни охридски светила со своите животи покажале дека епископот не е управител на земна институција, туку „жртва светаденица“ која се принесува себе си за својот народ.

Митрополитот Георгиј дојде на упражнетото место во Дебарско-кичевската епархија, откако митрополитот Тимотеј почина во ноември минатата година по кратко боледување.