Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Андоновски: Иневстициите во податочните центри носат нов капитал, нова инфраструктура и нови можности за нашата економија, тие не се збир на сервери и технологија, туку создаваат цел економски синџир

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имал обраќање на Форумот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имал обраќање на Форумот за критична инфраструктура, дизајн и инженерство на податочни центри во Скопје, при што наглсил дека податочните центри не се збир на сервери и технологија, туку дека тие создаваат цел економски синџир – за инженери, проектанти, градежни компании, енергетски и телекомуникациски оператори, системска интеграција, безбедност и одржување.

– Додека другите држави привлекуваат милијарди во оваа индустрија, и кај нас дебатата мора да се води со факти и конкретни проекти, а не со дезинформации, шпекулации и стравови без основа. Не смееме поради лажни информации однапред да се откажуваме од инвестиции што може да донесат нов капитал, нова инфраструктура и нови можности за нашата економија – истакнал Андоновски. 

Министерот посочил дека Македонија работи во две насоки: национален податочен центар за сигурна државна инфраструктура и приватни инвестиции во податочни центри што ќе донесат капитал, знаење и нови можности за македонските компании.

Реклама

– Особено важно е што овие инвестиции може да создадат силен домашен економски ефект. Нашата цел е што поголем дел од проектирањето, изградбата, опремувањето, интеграцијата и одржувањето да го преземат домашни компании, а со тоа да се создадат нови референци, ново знаење и можности македонските фирми подоцна да настапуваат и на странски пазари – посочил министерот Андоновски. 

Податочните центри, додал тој, може да станат дел од пошироката диверзификација на македонската економија кон индустрии со повисока додадена вредност – со повеќе знаење, повеќе технологија и повеќе можности за домашниот бизнис.