Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

ДЗР на студиска посета во Братислава: Посилен надзор за спречување на корупцијата во јавните набавки

Наместени тендери, фаворизирање понудувачи, судир на интереси и неефикасно трошење на јавните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместени тендери, фаворизирање понудувачи, судир на интереси и неефикасно трошење на јавните средства се дел од ризиците со кои се соочуваат локалните власти при спроведувањето на јавните набавки. Навременото препознавање на овие ризици и спречувањето на неправилностите бараат ефикасни механизми за контрола, институционална соработка и навремена размена на информации. Овие прашања беа во фокусот на регионалната студиска посета, што се одржа во Братислава, Словачка, од 7 до 9 октомври.

На посетата учествуваа 50 претставници од Словачка, Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Македонија и Србија, меѓу кои претставници на врховните ревизорски институции, институциите надлежни за јавните набавки и спречувањето на корупцијата, канцелариите на УНДП и експерти.

Клучните теми на посетата, информираат од Државниот завод за ревизија (ДЗР), беа ревизијата на успешноста и ревизијата на велите за одржлив развој (ЦОР), примената на податоци и дигитални алатки во ревизијата, надзорот и интегритетот во јавните набавки, спречувањето и откривањето местење тендери, како и спречувањето на корупцијата на локално ниво. Целта беше учесниците да се запознаат со словачките механизми и практики за надзор и превенција на неправилностите и да разгледаат можности за примена на позитивните искуства во националните и локалните контексти.

Реклама

– Регионалната студиска посета претставуваше можност првпат врховните ревизорски институции, антикорупциските тела и надлежните агенции за јавни набавки од земјите на Западен Балкан и Молдавија да почнат процес на меѓусебна соработка во областа на унапредување на знаењата и вештините за превенција на корупцијата во јавните набавки, зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста при користењето на средствата на даночните обврзници, како и ревизијата на целите за одржлив развој – изјави главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Во рамките на посетата учесниците се запознаа и со искуствата на Врховната ревизорска институција на Словачка во користењето на електронската алатка MuMap – Municipalities on Map (Општините на мапа) за презентирање на утврдените состојби. Алатката придонесува за зголемување на интегритетот на врховните ревизорски институции, зајакнување на довербата на граѓаните и поттикнување на ревидираните субјекти за соодветно и квалитетно управување со јавните средства.

– Верувам дека предложениот меморандум за воспоставување мрежа за соработка и размена на методолошки акти, податоци, информации, искуства и алатки што се користат во ревизорскиот процес ќе претставува значаен чекор кон поголема усогласеност и изедначеност на ревизорските пристапи и практики, доследна примена на Меѓународните стандарди на врховните ревизорски институции (ISSAI) и континуирано унапредување на квалитетот на ревизијата. Ваквата мрежа ќе создаде можности за меѓусебно учење, споделување знаења и добри практики, како и за заедничко надминување на предизвиците со кои се соочуваме во ревизорскиот процес користејќи ги искуствата и достигнувањата на секоја од вклучените институции – рече Ацевски.

Во таа насока, тој ги охрабри Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за финансии на Република Словачка да продолжат со поддршката на проектните активности и регионалната соработка како важни механизми за јакнење на институционалните капацитети и унапредување на доброто управување, транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавниот сектор. Поддршката е од особено значење во контекст на процесот на пристапување кон Европската Унија и исполнувањето на обврските што произлегуваат од преговарачките поглавја, особено оние што се однесуваат на јавните набавки, правосудството и фундаменталните права, спречувањето и борбата против корупцијата, како и финансиската контрола во делот на надворешната ревизија.

-Токму во овие области зајакнувањето на институционалната соработка, примената на меѓународните стандарди и размената на знаења и добри практики се меѓу клучните предуслови за спроведување одржливи реформи, постигнување конкретни резултати и приближување кон европските стандарди и вредности – смета Ацевски.

Во делот на јавните набавки учесниците дискутираа за ризиците во разните фази од постапките – од рестриктивни технички спецификации и користење неконкурентни процедури до судир на интереси, неоправдано делење на набавките и измени на договорите. Посебно внимание беше посветено на препознавањето на знаците на договарање меѓу понудувачите, вклучително и ротирањето на победниците, потиснувањето на понудите и поделбата на пазарот. Програмата вклучуваше и практични примери за разните форми на договарање и предупредувачките знаци што може навреме да укажат на нарушување на конкуренцијата.

Во рамките на посетата беа разменети и искуства од ревизиите поврзани со целите за одржлив развој, со акцент на локалното ниво и управувањето со комуналниот отпад, како и искуства поврзани со подготовката на општински пилот-ревизии на ЦОР.

Регионалната студиска посета е дел од проектот „Паметно финансирање за одговорно локално управување“, кој го спроведуваат Регионалниот центар на УНДП во Истанбул (ИРХ), УНДП Македонија и канцелариите на УНДП во Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија, со финансиска поддршка од Министерството за финансии на Република Словачка, во рамките на Public and Private Finance for Development Project.

Проектот придонесува за зајакнување на институционалните капацитети за транспарентно, отчетно и ефикасно управување со јавните средства.