Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

АмЧам: Заштитата на интелектуалната сопственост е суштинска за економскиот развој, иновациите и довербата во пазарот

По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Американска стопанска комора во Северна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Американска стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), организира серија од три настани посветени на актуелните предизвици и можности во оваа област, се наведува во соопштението од АмЧам.

Целта на овие активности е да се поттикне јавна дискусија и да се зајакне свесноста за значењето на интелектуалната сопственост, како фактор што директно влијае врз инвестициите, иновациите и довербата во пазарот.

-Интелектуалната сопственост често ја гледаме како апстрактна или техничка тема, но всушност, ја живееме секојдневно – во производите што ги купуваме, во услугите што ги користиме и во содржините што ги следиме. Во суштина, таа е прашање на доверба, дали тоа што го користиме е безбедно, квалитетно и оригинално – истакна Јелена Арсовска, извршната директорка на АмЧам во воведното обраќање.

Реклама

Претседателката на Комитетот за интелектуална сопственост при АмЧам, Ана Пепељугоска, нагласи дека „интелектуалната сопственост не е изолирано правно прашање, туку дел од самата економска структура на едно современо општество, кое ги обликува условите за развој, конкурентност и предвидливост на пазарот.“

Претставникот на Амбасадата на САД во Скопје, економскиот советник, Барнабас Биркеланд, во своето поздравно обраќање ја нагласи поврзаноста меѓу интелектуалната сопственост и јавното здравје: „Потребни се силни заштитни механизми и координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор, со цел да обезбедиме квалитетни лекови, постојани иновации и доверба во целокупниот систем на јавното здравје.“

Првиот настан, кој се одржа во текот на вчерашниот ден, беше посветен токму на состојбите во борбата против фалсификуваните лекови. Темата обедини претставници од институциите, бизнис секторот и експертската јавност, отворајќи суштински прашања за влијанието на оваа појава врз здравјето на граѓаните, пазарната конкуренција и довербата во системот. Во фокусот на панелистите беа актуелните состојби, институционалните механизми за контрола и заштита, како и улогата на индустријата во превенција и едукација.

Дискусијата укажа дека предизвикот со фалсификуваните лекови не е само прашање на постоење на регулатива, туку пред сè, на нејзина доследна примена во пракса и ефикасна заштита на правата од интелектуална сопственост. Беше нагласена потребата од посилна контрола долж синџирот на снабдување, поголема транспарентност и следливост на производите, како и поефикасна размена на информации помеѓу институциите и индустријата. Учесниците се согласија дека зачувувањето на интегритетот на пазарот е клучно за заштита на квалитетот, сигурноста и вредноста на интелектуалната сопственост.

Во рамки на оваа серија на настани на АмЧам, неделава ќе следуваат уште два тематски настани кои ќе адресираат различни димензии на интелектуалната сопственост. Денешниот втор настан, ќе биде посветен на значењето на географските ознаки како алатка за градење препознатливи и конкурентни домашни брендови на меѓународните пазари, додека пак третиот настан, кој ќе се одржи во петок, ќе ги отвори предизвиците поврзани со нелегалното емитување авторски содржини – особено во контекст на дигиталните платформи и новите технологии, каде заштитата на правата станува сè покомплексна.

Со оваа серија активности, АмЧам ја става интелектуалната сопственост во контекст на реалната економија како фактор што директно влијае врз инвестициите, иновациите и конкурентноста на пазарот и создава стабилна основа за долгорочен развој и предвидлива деловна средина.