Реклама
Македонија

Амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом, во посета на Општина Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом.

Од Општина Битола информираа дека на средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, кои во изминатите неколку децении се засноваат на традиционално пријателство и конструктивно партнерство.

Градоначалникот Коњановски ја запозна амбасадорката со личната карта на Битола и со потенцијалните можности за соработка во повеќе полиња. 

Реклама

На приемот во Битола учествуваше и Дритон Кучи, амбасадор на Македонија во Норвешка.