Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Акција за чиста средина, пролетна генералка низ Гостивар

Со чистење на отпад од јавни површини и засадување на украсни дрвја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со чистење на отпад од јавни површини и засадување на украсни дрвја низ градскиот парк, во Гостивар започна акција за уредување и пролетно чистење на неколку локации. Во акцијата која е во организација на локланата самоуправа се вклучија повеќе институции и компании со што, како што беше речено пред почетокот на активностите, освен што се уредуваат јавните површини се дава и поттик за подигање на свеста и грижата за животната средина.

– Освен што ќе се исчисти градот, сакаме да испратиме и порака до граѓаните за да ја подигнеме свеста за нашиот град да биде почист и тие да бидат дел од оваа голема акција. Активностите ќе продолжат и предвидено е да траат и во наредните месеци и во текот на летниот период. Се надевам дека резултатот од ова ќе се види во наредните месеци, рече градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.

Тој посочи дека деновиве се работи според план кој го направиле во комуналните претпријатија, а помош имаат и од општествено одговорни компании кои сакаат да помогнат во таканаречената „генералка“ низ градот и активно ќе учествуваат.

Реклама

Во градскиот парк се појавија волонтери и вработени кои дел со тешка механизација расчистуваа поголеми количини на несоодветно депонира отпад, а се уредуваа и зелените површини.

Арта Асани, директорката на ЈП „Комуналец“ ја искористи оваа прилика да упати апел до сограѓаните да водат повеќе сметка каде го фрлаат ѓубрето и кабастиот отпад.

– За жал има и такви граѓани кои не се свесни и фрлаат насекаде отпад па дури и габаритен отпад. Затоа апелирам да ни се јават на телефонскиот број кој е специјално за таа намена. Услугата е бесплатна, рече директорката Асани.

Освен косење на тревата во големиот парк, комуналните работници засадија и десетина украсни дрвца и хортикултурно уредија еден дел. Неколку цистерни со работници од „Бехтел и Енка“ и пожарникарите ги миеја улиците низ централното подрачје. Дел од вработените со раководството на локалната самоуправа, волонтери од Црвениот крст собира смет од тротоарите и јавните површини од градскиот стадион до судската зграда.