Реклама
Македонија

Адвокати тврдат дека Штекли не бил во состојба да дава своја одбрана, Обвинителството вели ја докажавме вината

Со завршни зборови продолжи судењето за Раде Трајковски Штекли и групата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со завршни зборови продолжи судењето за Раде Трајковски Штекли и групата за продажба на марихуана и кокаин. Адвокатите тврдат дека неговата здравствена состојба во ниту еден момент не била добра за тој да учествува во неговата одбрана пред судот. Рекоа и дека Обвинителството не ја докажало вината дека Штекли бил главата на групата која препродавала кокаин и марихуана по македонските улици.

Обвинителката пак очекува осудителна пресуда, бидејќи и со доказите и со сведоците се докажало обвинението.