Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција која е дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција која е дел од Националната алијанса за интеграција, Арбер Адеми на вечерашната прес-конференција по завршување на гласањето изрази благодарност до сите граѓани кои денеска го искористиле своето демократско право на глас со одговорност и достоинство.

Според Адеми, овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата.

-Овие избори беа повеќе од локална трка. Тие беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата. Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања, која го оцрни процесот и ја наруши еднаквоста на изборниот процес. Сведоци сме на масовно купување гласови, изборен асфалт, ноќно бетонирање, злоупотреба на јавните ресурси и брутална вмешаност на државниот апарат во корист на власта. Сепак, и покрај сите овие злоупотреби, граѓаните покажаа дека знаат да препознаат и не дозволија овие темни методи да го искриват резултатот во првиот круг. Затоа, сме убедени дека нема да успеат да го искриват ниту сега во вториот круг. Нашата доверба е во граѓанинот, во силата на слободниот глас и во достоинството на човекот кој не се продава за реки цемент, набрзина асфалтиран пат или привремен договор, рече тој. 

Реклама

Во оваа чувствителна фаза на процесот, нагласи Адеми, упатуваме директен повик до секој член на изборната комисија, секој набљудувач и до секоја надлежна институција со чесност и со висока професионалност, одговорност да ја гарантираат слободната волја на граѓаните и интегритетот на изборниот процес.

-Секој глас е свет и секое вмешаување е мешање во иднината на државата. НАИ останува цврсто посветена на патот на промените, на граѓанското достоинство и на создавање општество во кое власта се добива со доверба, а не со притисок. Нашиот пат е јасен – патот на демократијата, еднаквоста и европската интеграција. Ние ќе го браниме тој пат со решителност, со спокој и со достоинство, истакна Адеми.