Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Само за да дојде на власт Филипче е спремен да го прифати секое барање на Бугарија и да ги распродава националните интереси, како што Заев би продавал лубеници на пазар

Венко Филипче исто како и Зоран Заев, не постои барање од Бугарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче исто како и Зоран Заев, не постои барање од Бугарија кое тој не е спремен да го исполни без никаков приговор, само за да дојде на власт.

Како пиун на Румен Радев, уценетиот Филипче уште од опозиција си кажува на што е спремен и што се може да прифати и спроведе само за да има можност да седне на премиерската фотелја.

Така, Филипче стана главен лобист за прифаќање на бугарскиот диктат и е најгласен за спроведување на уставните измени, а од друга страна збор не кажува додека бугарските власти не нарекуваат „северномакедонци“.

Реклама

Освен тоа, па уште тврди дека Бугарија не го негира нашиот национален идентитет, додека официјалните лица на Софија велат дека нашите револуционерни дејци, херои и великани, Гоце Делчев, Сандански и другите, се Бугари, а и дека македонскиот јазик потекнувал од бугарскиот.

Но што може да се очекува од пиунот на Радев, Филипче и СДСМ кога во своите редови го имаат Стево Пендаровски, Рубин Земун и останатите на кои ставовите не им се различни од бугарските.

Од главниот лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум, Филипче не може да се очекува да ги брани државните интереси, затоа што тој гледа проблем во тоа источниот сосед да не смета за држава од 1945 година па наваму, затоа со Зоран Заев ги бришеше одлуките на АСНОМ во уставот.

Пиунот на Румен Радев, Венко Филипче за да се додвори на Бугарија уште утре е спремен да ги распродава историјата, јазикот, културата и идентитетот, како што Заев би продавал лубеници и пиперки на пазарот во Горни Милановац.

Ова политика на уценетиот Филипче е погубна и за државата и за партијата СДСМ, затоа стигна до тоа да има рејтинг од само 3%, што е еден процент помал од партискиот кој изнесува исто така ниски 4%.

Поради желбата по секоја цена да дојде на власт, Филипче се претвори во главен промотор на бугарските барања и стана послушен пиун на Радев, со што СДСМ ја направи четврта партија Македонија и ја бетонираше на дното на политичката сцена.

Не би било изненадување, на следните избори да добијат едноцифрен број на пратеници, зошто таква предавничка и поданичка политика како на СДСМ и Филипче, граѓаните не прифаќаат.