Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Меџити: Јавниот простор им го враќаме на граѓаните

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција посветена на акцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција посветена на акцијата за отстранување на хаварисани и напуштени возила, истакна дека станува збор за конкретна интервенција чија цел е враќање на јавниот простор на граѓаните и подобрување на еколошките стандарди во општината.

Како што наведуваат од Општина Чаир, акцијата започна во средата и ќе продолжи и во наредните денови, сѐ додека има потреба. Според евиденцијата направена на терен, на територијата на Општина Чаир се идентификувани до 200 напуштени и хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и паркинг-простори во различни делови на општината.

-Денес во Чаир не се реализира само симболична акција. Денес јавниот простор им го враќаме на граѓаните. Со години уништени и напуштени возила заземаа тротоари, паркинзи и цели населби, создавајќи хаос, нечистотија и револт кај жителите, изјави Меџити.

Реклама

Тој нагласи дека акцијата има две важни димензии – практична и еколошка – бидејќи покрај ослободувањето на паркинг-просторот, се отстранува и сериозен еколошки проблем создаден од напуштените возила кои со години ја загадувале животната средина и го нарушувале изгледот на населбите.