Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ зборува за Европа, а во пракса нивните пратеници ги кочат законите од Реформската агенда, Филипче за власт е спремен и на ново прекројување на историјата на Македонија

СДСМ и Филипче продолжуваат со политики спротивни на македонските национални интереси. СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Филипче продолжуваат со политики спротивни на македонските национални интереси. СДСМ и Венко Филипче повторно покажуваат дека за нив најважно е враќањето на власт, дури и по цена на нови отстапки на штета на македонскиот народ и државните интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Лицемерието на СДСМ и Венко Филипче нема крај, додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги поддржуваат законите од Реформската агенда во Собранието.

Додека СДСМ и Филипче зборуваат за проевропскиот пат на државата соработуваат со бизнисмени кои имаат проруски ориентации како Александар Онишченко на кого му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија, кој доби десетици државни тендери во време на СДСM и Миодраг Давидовиќ – Дака за кој само еден ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваа ДУП во Тетово, за да му се овозможи проект тежок 200 милиони евра со над 2.000 станбени единици.

Реклама

Филипче глуми грижа за европскиот пат додека е спремен да ги распродаде националните интереси. Филипче се прави дека тој не слушнал дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет и покрај многубројните изјави од бугарски официјални претставници каде отворено Бугарија го негира идентитетот, Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебниците, покрај оспорувањето на јазикот.

Филипче со неговите изјави покажува спремност за устави измени и спремност да го надмине неговиот ментор Заев во предавствата на државните интереси. СДСM и Филипче се спремни да ја стават државата во подредена состојба само за да дојдат на власт и да си ги полнат сопствените џебови.

Поради СДСМ, Заев и останатите државата е во ќорсокак токму поради погрешните политики како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, и Францускиот предлог.

Граѓаните знаат кој работи за напредок, стабилност и заштита на националните интереси а кој е подготвен повторно да тргува со историјата, идентитетот и националните интереси само поради власт и лични цели.