Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција

Со посета на дечиња од детските градинки и презентирање на пристигнатите ликовни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со посета на дечиња од детските градинки и презентирање на пристигнатите ликовни и литаратурни творби од конкурсот на тема „ Полицајците – тивки херои на нашето време“, во Секторот за внатрешни работи Струмица беше одбележан 7 Мај-Денот на македонската полиција.

Во седиштето на Секторот за внатрешни работи Струмица на посета беа дечиња од Детска градинка „Детска радост Струмица“ кои на симболичен начин на полициските службеници им ќе го честитаа денот на македонската полиција, а имаа можност да се запознаат со професијата полицаец, да ја видат опремата и возилата со кои располага СВР Струмица и просториите во кои работат полициските службеници.

Исто така во СВР Струмица беа презентирани пристигнатите ликовни и литературни творби од литературниот и ликовен конкурс на тема „Полицајците – тивки херои на нашето време“, кој СВР Струмица го организираше во соработка со библиотека „Благој Јаков Мучето“ Струмица во чест на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Наградените учесници на конкурсот добија дипломи за вложениот труд.

Реклама

Одделението за внатрешни работи Радовиш празникот го одбележа со положување на цвеќе пред спомен обележјето на бранителите Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев, кое се наоѓа пред зградата на ОВР Радовиш, на кое присуствува претставници од раководството на СВР Струмица и ОВР Радовиш, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, семејства на бранителите и претставници на полициските синдикати.

Во чест на денот на македонската полиција, Одделението за внатрешни работи Валандово го посетија дечиња од детската градинка  „Калинка“ од Валандово, при што се дружеа со полициски службеници, а ја разгледаа и опремата и возилата кои ги користат при извршување на службените задачи.