Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Минчев: Позитивните оценки од Европска Комисија потврда дека реформите се движат во правилна насока

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на состанокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на состанокот на Секторската работна група за реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја клучната улога на реформите во унапредувањето на институционалната ефикасност и напредокот на европската интеграција на државата.

Тој, како што соопшти Министерството за јавна администрација, посочи дека позитивниот фидбек од Европска комисија претставува значајно признание за досегашните напори и дополнителен поттик за засилување на реформскиот процес.

Во своето обраќање, министерот подвлече дека јавната администрација зазема централно место во реформската агенда и има суштинска улога во обезбедувањето функционални институции и квалитетни услуги.

Реклама

-Ова е силна потврда дека се движиме во правилна насока, но и дополнителен мотив со уште поголема динамика да продолжиме со реформскиот процес- истакна Минчев.

Тој посочи дека имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 се одвива со висок степен на реализација, при што се спроведени 84 отсто од предвидените активности. Паралелно, како што нагласи, воспоставена е нова системска рамка преку клучни законски решенија со кои се гради интегриран, мерит-базиран и професионализиран систем, насочен кон резултати и зголемен институционален интегритет.

Посебен акцент во обраќањето беше ставен на развојот на човечките ресурси, управувањето со квалитет и дигиталната трансформација, како и на потребата од доследна имплементација на реформите.

-И покрај силната нормативна и институционална основа која ја изградивме, најголемиот предизвик останува доследната и квалитетна имплементација на реформите- нагласи министерот, додавајќи дека фокусот во наредниот период ќе биде ставен на операционализација на законската рамка и постигнување конкретни резултати.

Министерството за јавна администрација, како што се вели во соопштението, останува целосно посветено на реформската агенда и на испорака на мерливи резултати.

-Нашата порака до партнерите е јасна: потребна е координирана, таргетирана и имплементациски ориентирана поддршка која ќе произведе реални, мерливи и одржливи резултати- истакна Минчев, додавајќи дека крајната цел е реформите да се преточат во видливи придобивки за граѓаните и забрзување на европскиот пат на државата.