Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност

Министерство за здравство во рамките на кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерство за здравство во рамките на кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ упати апел за подигнување на јавната свест за значењето на дарувањето органи и кадаверичната трансплантација.

Во рамките на широката кампања за промоција на органодарителството, докторите кои се директни учесници во овој процес апелираат дека токму дарувањето органи е најхуман и најблагороден чин на човекот што може да се направи за продолжување на животот на друг човек.

– Со дарување органи ние можеме да спасиме животи и да им дадеме втора шанса на сите што се борат со тешки болести. За жал, многу пациенти секој ден се соочуваат со несигурност и ја губат надежта поради недостиг на донори, затоа е многу важно да ја зголемиме свесноста за важноста на кадаверичната трансплантација во нашето општество. Еден донор може да спаси неколку животи – ова е акт на солидарност, хуманизам и љубов кон животот. Разговорот со семејството за оваа тема и информирањето за можностите за дарување се важни чекори кон промена. Да покажеме дека сме општество што се грижи еден за друг. Таму каде што еден живот завршува, може да почне друг. Затоа треба да даруваме живот – биди херој – истакна д-р Башким Шабани, научен соработник и директор на Клиниката за урологија.

Реклама

Во оваа насока, министерот за здравство Азир Алиу, посочува дека пораката на докторите што секојдневно се соочуваат со пациенти што чекаат трансплантација е најсилниот повик за поголема општествена свест за потребата од дарување органи.

– Органодарителството е длабока човечка одлука со која надежта продолжува да живее. Наша обврска е како институции да го развиваме системот, да работиме на зголемување на довербата и да создаваме култура во која дарувањето органи ќе биде препознаено како чин на солидарност, емпатија и највисока почит кон животот – истакнува министерот Алиу.