Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

„Плазма – Спортските игри за млади“ почнуваат утре: 27.000 деца во повеќе спортски дисциплини

Над 27.000 деца од целата држава оваа година ќе учествуваат на „Плазма…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 27.000 деца од целата држава оваа година ќе учествуваат на „Плазма – Спортските игри за млади“, кои опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде ќшто е се натпреваруваат со врсници од регионот.

По повод свеченото отворање на Игрите, кое ќе се одржи утре (8 мај) на плоштадот Македонија, денеска во хотелот „Холидеј ин“ беше одржана прес-конференција, на која беше истакнато дека Македонија првпат станува дел од едно од најголемите аматерски спортски движења за деца во Европа.

Претседателката на Федерацијата на училиштен спорт на Македонија, Елена Мицковска, посочи дека Игрите отвораат ново поглавје за училишниот спорт во земјата.

Реклама

– Оваа година очекуваме над 27.000 деца да бидат дел од „Плазма – Спортските игри за млади“ во целата држава. Натпреварите ќе се одржуваат на месно, локално, регионално и на државно ниво, во повеќе спортови, што значи дека создаваме систем што ќе овозможи секое дете да добие можност за спорт и натпреварување. Најдобрите финалисти ќе бидат дел од големото меѓународно финале во Сплит, што е дополнителна мотивација за сите учесници. Утрешниот настан на плоштадот Македонија ќе биде вистински празник за младите – изјави Мицковска.

Министерот за спорт Борко Ристовски нагласи дека приклучувањето на Македонија кон овие Игри е резултат на подолг процес и јасна државна заложба. Дополнително, тој посочи дека државата е подготвена за организацијата и дека инвестициите во спортот се суштински важни.

– Ние како домаќини сме целосно подготвени. Кога државата, во соработка со организацијата на Игрите, има комплетна контрола врз ситуацијата, тогаш сме сведоци дека сè поминува во најдобар ред. Се залагаме за инвестирање во спортот, младите и инфраструктурата бидејќи сметаме дека тоа е единствениот правилен пат по кој треба да се оди – изјави Ристовски.

Претставникот на „Плазма – Спортските игри за млади“, Славен Мариќ, изрази задоволство што Македонија станува дел од регионалното спортско семејство.

– Среќни сме поради довербата што ни е укажана. Се надеваме дека сите учесници ќе се дружат и ќе создаваат нови пријателства. Ние сме социјален проект, чија цел е децата да се поврзуваат и да се запознаваат со врсници од целиот регион – изјави Мариќ.

Генералниот директор на „Пивара“ – Скопје, Огњен Лазиќ, истакна дека Игрите носат пошироки вредности од самиот натпреварувачки дух.

– Ова не е само спортска манифестација, туку и социјален проект. Сакаме децата да се забавуваат, да шират ферплеј, да учат за тимска игра и да се дружат – рече Лазиќ.

Поддршка на Игрите дадоа и Шпаркасе банка и Шпаркасе лизинг. Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе банка АД Скопје, Санел Костурница, порача дека вложувањето во младите е вложување во иднината.

– Децата се иднината на секоја држава. Огромно задоволство ни е што сме дел од овој проект бидејќи тоа е нешто во што искрено веруваме – изјави Костурница.

Извршниот директор на Шпаркасе лизинг, Марјан Манчев, нагласи дека поддршката за спортските иницијативи ќе продолжи.

– Особено ми е драго што децата на ваков начин ќе ги градат својот карактер и спортскиот дух – рече Манчев.

Свечениот почеток на „Плазма – Спортските игри за млади“ ќе биде симболично означен со палење на пламенот на утрешниот настан на плоштадот Македонија.