Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Манасиевски: СДСМ и Филипче за власт би ја редефинирале македонската историја и идентитет

СДСМ и Филипче за власт би ја редефинирале македонската историја и идентитет,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Филипче за власт би ја редефинирале македонската историја и идентитет, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Филипче уште веднаш се подготвени да направат ново национално предавство, почнувајќи со уставните измени.

Бугарските власти, јасно кажаа дека уставните измени не се последниот услов кој го имаат за влез на Македонија во ЕУ.

Реклама

Од една страна, СДСМ и Филипче велат дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, а од друга страна, бугарските власти секојдневно велат дека македонската нација постои од 1945 година, дека македонскиот јазик има бугарски корени и дека ние сме еден народ во две држави.

Впрочем, ваков став имаше и менторот на Филипче, Зоран Заев. Оттука е јасно од кого Филипче учи.

СДСМ и Филипче наместо да слугуваат за друга држава, ги повикуваме еднаш барем да размислат што прават и колку штета и нанесуваат на државата, на македонскиот народ и на сите оние кои го дале животот за неа.

Почитувани граѓани,

За СДСМ и Венко Филипче, не се важни македонските национални интереси и македонскиот идентитет, ниту пак им се важни граѓаните.

За нив важно е само како да се дофатат за власта за да можат што повеќе да крадат. Затоа и полека но сигурно тие стануваат маргинална партија.