Реклама

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Македонија

Јаневска: Доколку се докаже фалсификатот, Славјанскиот универзитет ќе има сериозни последици

Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности – од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности – од полагање 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ-системи, од еден предмет на четири ЕКТ-системи, признаени два по седум ЕКТ-кредити и диплома од 2016, на која има печат со Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година – изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Таа посочи дека тоа е сега предмет на Јавното обвинителство.

– Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот, универзитетот ќе има сериозни последици – додаде Јаневска одговарајќи на новинарско прашање пред последната панел-дискусија во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“ на тема „Училницата на иднината: вештачката интелигенција, знаењето и новата улога на наставникот“.