Реклама
Македонија

Општина Демир Хисар доби комунално специјализирано возило за собирање и транспорт на отпад

Општина Демир Хисар го доби првото комунално специјализирано возило за собирање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Демир Хисар го доби првото комунално специјализирано возило за собирање и транспорт на отпад, обезбедено од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање. 

Со оваа комунална опрема значително ќе ја зајакнеме ефикасноста на комуналните услуги и ќе направиме важен чекор кон воспоставување на интегриран и одржлив систем за управување со отпад, усогласен со европските директиви за отпад и депонии, информира градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски.

-Со новата комунална опрема за справување со цврстиот отпад правиме конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот и намалено загадување, како и значително подобрување на јавната хигиена во нашиот град. Новата комунална опрема е обезбедена за 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион, со вкупна вредност од 11 милиони евра, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, кој се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и има за цел воспоставување на функционален регионален систем за управување со отпад, посочи Најдовски.

Реклама

Општина Демир Хисар во овој период продолжува со инфраструктурни проекти, а деновиве се врши целосна реконструкција на општинскиот пат во селото Жван.