Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

„Вреди“: ДУИ не знаат да живеат во опозиција

ДУИ повторно го пушти стариот филм. Народот вели: каде што те боли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ повторно го пушти стариот филм. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ ја боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција, се вели во соопштението на „Вреди“.

Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник. Со глас, со терен, со луѓе. Не како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими и кликава на ДУИ, кои политиката ја сфатиле само како качување на фотелја, тендери и личен комодитет. Разликата е голема. Изет бил меѓу народот во маало, додека тие биле во канцелариите на извршната власт и во пазарите за моќ.

Денес најголемите „љубители на фотелји“ се во ДУИ, таму каде што мала група луѓе околу Али Ахмети ја приватизирале партијата, го туркаат посветениот активист напред како топовско месо, само за самите да се вратат на власт, во фотелји, во тендери и во удобност.

Реклама

Бујар Османи повеќе од 3.700 дена министер, Блерим Беџети повеќе од 5.500 дена на функции и сѐ уште зборуваат за „заштита на Албанците“. ДУИ Албанецот го гледала само како број за глас, додека функциите како семејно наследство.

Оваа демагогија повеќе не поминува. Народот ги прочита. Тие сѐ уште сонуваат за времето на Груевски, Будимпешта им изгледа како адреса за спас, додека Мијалков го паметат како златен партнер на владеењето.

Веќе две години ги лажат активистите дека „ќе се вратиме на власт“, а одговорот за оваа политичка измама го добија не така одамна на локалните избори, каде „Вреди“ ги разби победувајќи во 10 општини.

„Вреди“ е едно, „Вреди“ доаѓа.