Реклама

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Македонија

Последна панел-дискусија од кампањата „Магијата е во знаењето“

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ја организира последната панел-дискусија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ја организира последната панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, на тема „Училницата на иднината: Вештачка интелигенција, знаење и новата улога на наставникот“.

Како што најавува МОН, панел-дискусијата има за цел да отвори прашања за примената на вештачката интелигенција во образованието, вложувањето во обуки на наставниот кадар и улогата на наставникот во насочување на учениците низ новите технологии.

Ќе учествуваат министерката за образование и наука Весна Јаневска, Сашо Коцески, професор на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Бранислав Геразов, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, наставничката од скопското ООУ „Љубен Лапе“ Маја Божиновска, Александар Алексовски, професор од СУГС „Марија Кири Склодовска“ во Скопје, како и Александар Чамински од Групација Бреинстер.

Реклама

На панелот ќе учествува и седумгодишниот Македон Димитровски од Тетово, ученик во Меѓународното училиште НОВА – Скопје, познат на јавноста како исклучително надарено дете со особен интерес за математика и странски јазици, добитник на златен медал на меѓународниот натпревар „Математика без граници“.