Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Стојаноски: За бугарската негација на Македонија, Филипче нема јасен и сериозен став

Сметам дека тоа е добро обмислено и сметам дека господинот Филипче од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сметам дека тоа е добро обмислено и сметам дека господинот Филипче од тоа место, давајќи една таква изјава сакаше да испрати порака, како што мислам и дека изјавите дадени на поткасти на членови на неговиот Извршен одбор исто така не беа случајни, туку тоа е порака која што треба некаде да стигне, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од гостувањето на пратеникот Бојан Стојаноски во емисијата на Алфа телевизија.

Пратеникот Стојаноски се осврна на дадената изјава на Венко Филипче дека Бугарија никогаш не го оспорувала нашиот идентитет и нагласи дека токму дадената изјава токму каде што се наоѓа почивалиштето на најголемиот македонски апостол, од аспект на револуционерната идеја, како што кажа тој, е добро обмислено и според него, Филипче испраќа две пораки. Тој додаде дека СДСМ немаат црвени линии и ја релативизираат бугарската негација на Македонија.

-Пораките се две. Првата е да стигне во дворот во Софија, во Бугарија, дека ете има некој кој што е спремен да прифати сето тоа коешто тие ќе го побараат, нешто за коешто сметам дека СДСМ за прв пат можеби и попушти на оние традиционални линии коишто ги имаа од тој аспект затоа што оваа позиција која што Филипче пред само неколку дена ја кажа на една национална телевизија е своевидно повлекување од дотогаш некој изграден став за ова прашање. Никогаш немале сериозен став, сега сметам дека СДСМ нема апсолутен никаков став. Втората адреса на која што сакаат да ја пратат пораката е, можеби на некои центри од надвор каде што исто како во 2015 и 2016 година ќе се надеваат на нивна помош, да дојдат до владата, а никако овие изјави не сакаат да ги упатат до оној којшто е суверен во оваа држава, а тоа е народот, рече пратеникот Стојаноски.