Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Тоневски: Во тек е евалувација на понудите за изградба на современиот систем за отпад во село Мечкуевци

Во тек е евалуацијата на понудите од компаниите, кои се јавиле на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е евалуацијата на понудите од компаниите, кои се јавиле на распишаниот тендер за изградба на современиот систем за управување за отпад во Светниколското село Мечкуевци, каде што ќе се селектира и на современ начин ќе се депонира отпадот од 18 општини од Источниот и Североисточниот Плански Регион, информираше денеска претседателот на Советот на градоначалнични на Источно Планскиот Регион (ИПР), а воедно и градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски.

Градоначалниците од двата региони денеска имаа средба во Штип. Тоневски вели дека се надева оти постапката за избор на изведувач за изградба на современата фабрика за отпад ќе заврши успешно, бидејќи како што рече претходно имаше една неуспешна постапка. 

-Доколку се биде во најдобар ред очекуваме до крајот да се избере изведувач и веднаш потоа ќе се отпочне со изградба на регионалната депонија-изјави Тоневски. 

Реклама

Прашан дали може да пропаднат 46 милиони евра од ЕУ, наменети за изградба на современата депонија и на претоварните станици, Тоневски со оптимистички одговор дека се надева дека оваа тендерска постапка ќе биде успешна, а според првичните информации поголеми конзорциуми имаат доставено понуди за да го изградат овој современ систем за управување со отпадот за двата региони. 

-Се надевам дека нема да бидат изгубени средствата кои што се донација од ЕУ фондовите и ние како Источен и Североисточен Регион-заедно ќе имаме прва регионална депонија на територија на Македонија-подвлече Тоневски. 

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриески изјави дека овој значаен проект не е само изградба на депонија за двата региони, туку и е современа фабрика за селектирање и преработка на отпадот.

-Проект кој што за жал една деценија се турка и поради објективни, но многу пати и субјективни причини. Се надевам дека во оваа фаза со новиот состав на градоначалниците и во двата региони ќе наидеме на разбирање да помине и мрдне од мртва точка самиот проект. Инаку бенефитите се големи, затоа што прво ќе имаме една ваква организирана фабрика со регионална депонија, која што предвидува изградба на трансфер станици во поголем број на општини во двата региони-рече Димитриевски. 

Тој додаде дека изградбата на овој капитален проект за двата региони во земјата ќе значи и затварање и чистење на сите диви депонии. Инаку денеска градоначалници од двата региони носеа значајни одлуки околу управувањето со современиот систем за управување со отпадот и систематизација на работните места во рамките на јавното претпријатие, кое ќе управува со депонијата.