Реклама
Македонија

Општина Карбинци се подготвува да одбележи 30 години од своето постоење

Општина Карбинци на 21 мај ќе одбележи 30 години од постоењето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Карбинци на 21 мај ќе одбележи 30 години од постоењето на Општината, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов. Тој истакна дека  православниот празник „Спасовден“ воедно е и патронен празник на Општината, а по тој повод имаат низа на спортски и културно уметнички настани. 

-Она што е важно е дека овој ден ќе започне од утрото, па ќе заврши се до полноќ, исполнет со повеќе активности. Јас ќе дадам увертира дека, во вчерашниот ден започна програмата во оној спортски дел, со играње на фудбалскиот турнир во мал фудбал по повод празникот „Спасовден“ во село Карбинци, кој што ќе биде на програмата се до одржување на 21 мај. Ќе се одржи и турнир во борење, кое што е во фаза на организација-рече Паунов. 

На 21 мај, кога се одбележува три денискиот јубилеј на Општината ќе се одржи и свечена седница на Советот на општина Карбинци, потоа ќе има културно-уметничка програма од учениците во Општината и фолклорно друштво, а на крајот ќе има и настап на познатата српска пејачка Гоца Тржан.